Новак Ѓоковиќ испиша нова тениска историја со победата над Каспер Руд (7:6, 6:3, 7:5) во неговото 34. гренслем финале. Српскиот тенисер стигна до рекордната 23. титула и сега има една повеќе од најголемиот ривал Рафаел Надал и три повеќе од пензионираниот Роџер Федерер.
Кај тенисерките, Серена Вилијамс има 23 гренслем титули, а рекордерка е Маргарет Корт со 24 титули. Ѓоковиќ до крајот на годината би можел да ја престигне со победи на Вимблдон и УС Опен.
Ѓоковиќ, исто така, стана првиот тенисер во историјата кој го освоил секој од четирите гренслем турнири најмалку трипати. Апсолутно е доминантен на Австралија опен каде има 10 титули, моќен на Вимблдон кој го освои седум пати, а трипати славеше на УС Опен и сега на Ролан Гарос.
Српскиот тенисер е и првиот играч во историјата со најмалку седум финалиња на секој од гренслем турнирите. Ниту еден друг тенисер не успеал да го направи тоа шест пати.
Ѓоковиќ има и рекорден број победи на Мастерс турнирите (38) и води во дуелите и против Надал и против Федерер.
Освојувањето на Ролан Гарос го враќа и на првото место на АТП листата, каде утре ќе ја започне рекордната 388. недела. Второто место го држи Федерер со 310 недели како најдобар во светот.
378 weeks at No. 1 (record)
38 Masters 1000 titles (record)
34 Grand Slam finals (ATP record)
23 Grand Slam titles (ATP record)
10 Australian Open titles (ATP record)1 @DjokerNole 🫶 pic.twitter.com/2CUoC5kLQb
— Tennis TV (@TennisTV) June 11, 2023