Дуелот на УФЦ 237 шоуто донесе еден од најзастрашувачките ММА финиширања во историјата, а главен актер беше Бразилката Џесика Андраде.

Во меч во перо категорија, Американката „Таг Роуз“ Намаџунас доминираше во првите пет минути од мечот, пред Андраде во втората рунда да ја грабне американската шампионка високо и да ја „тресне од земја“, оставајќи ја во несвест.

Според „обединетите правила на ММА“, удирање на главата на противникот од подот е нелегално, но постојат исклучоци – доколку едниот борец е поставен во држечка позиција од противникот, може да го собори противникот на било кој начин бидејќи ја нема контролата на телото на противникот.