Новак Ѓоковиќ се сопна на првата пречка на Мастерсот во Индијан Велс.
Сосема е јасно дека 37-годишниот Србин е во резултатска криза по поразот од Ботик ван де Зандшулп, но голем проблем е фактот што овој пораз не е изолиран.
Последен пат Ѓоковиќ загубил три меча по ред пред речиси седум години, поточно пред шест години, 11 месеци и 16 дена.
Интересно, и во 2018 година Новак поминуваше низ проблем во истиот период од годината. Шокантно загуби од Хјеон Чунг во Мелбурн, а потоа доживеа пораз од Таро Даниел во Индијан Велс и Беноа Паир во Мајами.