Top Sport

Овечкин, рускиот „цар“ кој донесе титула на американската престолнина

Американската престолнина Вашингтон беше обоена во црвено, откако Вашингтон кепитолс ги совладаа Вегас голден најтс за првата НХЛ Стенли куп титула.

Вашингтон стигна до 4:3 победа во Лас Вегас за вкупна 4:1 победа, и кога капитенот Александер Овечкин го крена трофејот, во престолнината лудо се славеше.

Победата не остана незабележана и кај американскиот претседател, Доналд Трамп, кој лично го издвои рускиот капитен на тимот Овечкин како вистинска ѕвезда.

„Честитки до Вашингтон кепитолс на големата игра и освојувањето на Стенли купот. Алекс Овечкин, капитенот на тимот беше спектакуларен, вистинска суперѕвезда“, напиша Трамп на Твитер.

Scroll to Top