Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, го освои АТП турнирот од серијата 500, во Ротердам. Алијасим, во своето деветто финале ја освои првата титула во кариерата.
Канадскиот тенисер во финалето, полесно од очекувањата го победи Стефанос Цицпас со 6/4, 6/2. Мечот во Ротердам траеше 79 минути.
Оже-Алијасин, во првиот сет направи брејк во првиот гем, на ист начин го започна и вториот сет, а патот кон победата си трасираше кога уште еднаш, во петтиот гем, му го одзеде сервисот на Циципас.
Доколку вечерва Каспер Руд не го освои турнирот во Буенос Аирес, Оже-Алијасм од понеделник ќе биде осми на АТп листата.
A moment to remember ?
The moment @felixtennis defeated Tsitsipas to win the Rotterdam 2022 title!#abnamrowtt pic.twitter.com/XCbNlIhJil
— Tennis TV (@TennisTV) February 13, 2022