Top Sport

Падна светскиот рекорд во маратон – Кипчоге до 2:01:39 во Берлин!

Кениецот Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратонот со време од 2:01:39 на трката во германската престолнина, Берлин.

33-годишниот Кипчоге беше за повеќе од една минута подобар од претходниот светски рекорд на сонародникот Денис Кимето, поставен исто така во Берлин, една од најрамните и најповолните локации за маратон во 2014 година.

„Немам зборови да го опишам овој ден. Навистина сум благодарен што можам да кажам дека сум светски рекордер. Не беше лесно. Трчав сам своја трка, верував на советите од тренерите, и тоа ме туркаше во последниот километар“, вели Кипчоге, кој секако ќе влезе во историјата како еден од најдобрите маратонци во историјата.

Тој триумфираше на маратонот во Лондон по третпат оваа година, а исто така е и олимписки шампион во дисциплината.

Фото: ЕПА

Scroll to Top