Top Sport

Пак се јави Конор: Хабиб ќе се пос.ре во гаќи против Гетџи

Конор Мекгрегор, и покрај својата најавена пензија од ММА борбите, повторно реши да го провоцира својот дагестански ривал Хабиб Нурмагомедов, велејќи дека ќе се „пос.ре во гаќи против“ Џастин Гетџи во октомври и дека во текот на мечот ќе се обиде да му го „помириса пенисот на противникот“.

Хабиб (28-0) ќе се бори со преодниот шампион во лесна категорија, Џастин Гетџи на 24 октомври, и најави дека неговиот ривал е „добро момче“, но дека ќе го „удави во најдлабокиот океан“ кога ќе се сретнат.

„Џастин е навистиан добро момче и добар противник, но кога ќе се затвори октагонот, ќе мора да биде подготвен на нешто повеќе од бокс, јас не сум Дастин или Тони. Ќе го однесам во најдлабокиот океан и ќе го удавам“, напиша Хабиб.

Мекгрегор, кој загуби од Хабиб со давење во четвртата рунда во Лас Вегас во 2018, не успеа да се возддржи.

„Со други зборови: ’Ќе трчам околу кафезот и ќе се пос.рам во гаќи. А во првите десет секунди од мечот ќе скокнам кај неговите нозе и ќе му го помирисам пенисот’“, напиша Ирецот.

Scroll to Top