Top Sport

Кулушевски: Парма секогаш ќе биде во моето срце

Новото засилување на Јувентус, шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски вели дека Парма секогаш ќе биде во неговото срце и дека сезоната помината на „Енио Тардини“ ја чувствувал како да трае 10 години.

Кулушевски имаше 10 гола и 9 асистенции во 36 настапи во Серија А со Парма како позајмен фудбалер од Аталанта, пред во јануари да добие договор со Јувентус, а Лега Серија А го награди со титулата најдобар млад фудбалер во Серија А.

20-годишниот Кулушевски во интервју за локалниот весник „Газета ди Парма“ вели дека никогаш нема да го заборави градот.

„Моите соиграчи секогаш ми помагаа, тренерот секогаш ме ставаше во игра дури и кога грешев и таквата атмосфера ми беше од помош. Веднаш се заљубив во Парма, вистинска љубов на прв поглед. Сакам сè во овој град. Најубаво ми беше кога фановите ме сопираа на улица и сакаа да зборуваат за фудбал. Запознав многу фанови и секогаш ќе се сеќавам на нив и жал ми е што не играв пред нив на ’Тардини’ уште еднаш“, вели Кулушевски.

Scroll to Top