Повеќекратниот светски шампион, Мани Пакјао беше победник во добротворниот меч во Сеул, Јужна Кореја против јутјуберот ДК Ју во својот прв меч по официјалното пензионирање од боксот.
43-годишниот Филипинец, кој по боксот се посвети на политиката, учествуваше во меч за собирање пари за Украина и за бездомниците на Филипините. Ју, кој покрај тоа што е интернет-ѕвезда го има прекарот „Корејскиот Брус Ли“ поради неговата заинтересираност за боречките вештини, беше очиглено заморен по втората рунда, кога Пакјао почна да доминира.
По мечот, Пакјао најави дека ова не е неговиот последен меч.
„Ова беше одлична шанса да се вратам во рингот. Мислев дека е лесно да се пензионирам. Навистина ми недостасува боксот“, вели Пакјао, кој во својата кариера освои титули во осум различни тежински категории и се повлече со 68-2-8 скор.