Top Sport

Палас експресно назначи замена на Хоџсон

Австриецот Оливер Гласнер стана нов менаџер на фудбалерите на Кристал Палас, беше потврдено денеска на официјалниот сајт на лондонскиот клуб.

Претходно денеска беше објавено дека Рој Хоџсон поднесе оставка од менаџерската функција на „орлите“.

Како што е објавено на сајтот на Кристал Палас, 49-годишниот Гласнер потпишал договор со клупските челници до јуни 2026 година.

Пред да дојде во Кристал Палас, Гласнер како тренер ги водеше австриските клубови Рид и ЛАСК и германскиот Ајнтрахт од Франкфурт.

Scroll to Top