Панамскиот спринтер Вирхилио Григс доби четиригодишна суспензија од атлетиката откако беше докажано дека фалсификувал резултати во обид да добие место на Светското првенство во атлетика во 2017 година, објави Единицата за интегритет на атлетиката (АИУ).
25-годишниот Григс, кој е јужноамерикански шампион на 200 метри во сала, прифатил дека направил прекршок и сега ќе мора да паузира до 23 јули 2021 година. Григс во 2017 година пратил резултати до Панамската атлетска федерација во која на наводно натпреварување во Тексас истрчал 10.11 секунди на 100 метри, со што ја исполнил нормата за Лондон.
Но, истрагата покажала дека резултатите се од митинг во Тексас, во кој тој манипулирал со времињата и со имињата на натпреварувачите. Тој не беше избран да оди на СП.