Ханс Паркмент од Јамајка победи во трката на 110 метри со пречки, на Олимписките игри во Токио. Атлетичарот од Јамајка до најсјаното одличје дојде во конкуренција на големиот фаворит, Грент Холовеј од САД.
Паркемт трката ја заврши со време 13.04 секунди. Холовеј, направи грешка, меѓу претпоследната и последната пречка и мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Американецот во целта имаше време 13.09 секунди, за една стотинка беше побрз од вториот атлетичар од Јамајка, Роналд Леви, кој го освои бронзениот медал.