Top Sport

Паро го победи ракот, па во Пекинг стана олимписки првак

Репрезентативецот на Канада во сноуборд, Макс Паро, го освои златниот медела на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината слопстајл.

Паро, пред четири години во Пјонгчанг, го освои сребрениот медал во оваа дисциплина. 10 месеци по Игрите во Јужна Кореја му беше дијагностициран Хочкиновиот лимфом. По шестмесечна хемотерапија тој успешно му се врати на сноубордингот.

Во Пекинг, Паро, победи благодарение на втората трка во која освои 90,96 поени.

Голем успех, покрај Паро, оствари и домашниот натпреварувач, 17-годишниот Јиминг Су, кој го освои второто место. Успхот на Канада го заокружи Марк Меморис кој ја освои бронзата.

 

Scroll to Top