Дик Паунд, еден од највлијателните членови на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), под знак прашалник го ставил одржувањето на Олимписките игри во Токио. Најголемата смотра на светскиот спорт треба да се одржи од 23.јуни до 8.август.
„Не сум сигурен дека Игрите ќе се одржат, вирусот се повеќе се шири. Гледате дека во Токио е прогласена вонредна состојба. Во целиот свет состојбата е алармантна. Слонот во собата е се поголем и на знам како да го запреме“, сликовито ја опишал ситуацијата Паунд.
Олимписките игри во Токио, првично требаше да се одржат од 24.јули до 9.август 2020 година, но беа одложени поради пандемијата. Сега најновите анкети во Јапонија, покажуваат дека дури 63 отсто од испитаниците, сметаат дека Игрите треба или повторно да бидеат одложени или воопшто да не се одржат.
Во јапонската престолнина, во четвртокот, биле регистрирани нови 2.447 заразени со вирусот Ковид-19, што е за 50 отсто повеќе од претходниот ден.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија, од последици на коронавирусот починале 3.500 луѓе.