Top Sport

Пављученкова во трилер-натпревар подобра од Гаврилова

По паузата поради дожд и дури 3 часа и 13 минути игра, во 1 часот и 10 минути наутро по локално време, Анастасија Пављученкова ја совлада Дарја Гаврилова со 5:7/6:3/7:6(3) во финалето на Хонгконг опен за да ја освои својата 11. титула во кариерата и трета оваа година по Монтереј и Рабат.

Русинката Пављученкова двапати водеше со брејк предност, но на крајот не успеа да искористи две сет-топки и ѝ дозволи на Австралијката Гаврилова со три гема во низа да го освои првиот сет. Во вториот Пављученкова беше подобрата тенисерка и со еден брејк го освои сетот, додека во тесниот трет сет имаше осум брејка на сервис од 2:2. Пављученкова не освои меч-топка на 5:4, но на крајот беше подобра во тај-брејкот.

Scroll to Top