Top Sport

Втора титула за Барбора Стрицова

Барбора Стрицова по шест години чекање ја освои својата втора титула во кариерата, откако со 6:4/6:1 ја совлада словачката тенисерка Магдалена Рибарикова за трофејот од Генерали лејдис турнирот во Линц, Австрија.

Откако освои 20 титули во двојки, 26-годишната Чехинка конечно го подобри скорот во сингл финалињата на 2-6, откако победи на турнирот во Квебек Сити во 2011 година. Стрицова направи брејк во првиот гем од мечот, и оттогаш доминираше за да поведе со 5:0, пред да го загуби првиот гем. Полуфиналистката од Вимблдон, Рибарикова, одеше на петта титула во кариерата и прва во 2017 година.

Scroll to Top