Американецот Бенџамин Кинг стигна до втора етапна победа на Вуелта Еспања, откако беше најбрз на деветтата етапа, додека Британецот Сајмон Јејтс е новиот лидер пред првиот ден одмор на пеколната тринеделна шпанска класика.
Кинг (Дименжн Дата) беше прв на целта откако успеа да го победи Холанѓанецот Бауке Молема (Трек-Сегафредо), кој го „туркаше“ до максимум во последните километри од тешката 201 километри долга етапа од Талавера де ла Реина до искачувањето (надвор од категорија) Ла Коватиља.
29-годишниот Кинг победи и на четвртата етапа, меѓутоа овој триумф со три големи искачувања пред Ла Коватиља е дефинитивно неговиот најголем во кариерата, откако самиот колабираше по поминувањето на целта по 5 и пол часа на велосипед.
Tomorrow’s rest day can’t come soon enough for Ben King ? #LaVuelta18 pic.twitter.com/bzrjCP23Ep
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) September 2, 2018
„Многу ми е лошо во моментов, но пресреќен сум. Не ми се верува“, изјави Кинг.
Јејтс (Мичелтон-Скот) беше деветти на етапата, преземајќи ја црвената маичка од Руди Молар, кој водеше на четирите рамни етапи, но не успеа да остане во игра на бруталното искачување. Јејтс има предност од една секунда зад шпанскиот ветеран Алехандро Валверде (Мовистар), а Наиро Квинтана (Мовистар) е уште 13 секунди зад нив.
Валверде и Квинтана се поранешни шампиони на Вуелта, додека Јејтс водеше 13 етапи на Џиро Д’Италија во мај, пред да ја загуби борбата со победникот Крис Фрум.
Etapa 9 | Stage 9 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @BenKing89 gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of King’s victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/4MHbNAhBzG— La Vuelta (@lavuelta) September 2, 2018
? Etapa 9 | Stage 9 #LaVuelta18
?? Clasificación General | General Classification
+ info ➡️ https://t.co/7s84I3FjHm pic.twitter.com/eNfX4OAD6E
— La Vuelta (@lavuelta) September 2, 2018