Top Sport

Пенг Шуаи „исчезна“ по обвинувањата за сексуално злоставување

Повеќе активни и поранешни тенисерки на социјалните мрежи покажаа огромна загриженост за наводното „исчезнување“ на поранешната кинеска тенисерка, Пенг Шуаи, откако таа на социјалните мрежи го обвини поранешниот кинески вицепремиер дека се обидел да ја примора да има секс со него.

Во долго писмо на кинеската социјална мрежа „Веибо“ минатата недела, поранешната светска тенисерка број 14., Пенг Шуаи го обвини членот на Кинеската комунистичка партија, 75-годишниот Жанг Гаоли дека ја злоставувал и дека ја засрамил. По ова, постот на поранешната шампионка во двојки од Ролан Гарос беше избришан, а повеќе фанови и поранешни тенисерки побараа ВТА да се вклучи по наводите дека таа е „недостапна“.

Француската тенисерка Ализе Корне на социјалните мрежи порача: „Ајде да не останеме тивки, а американската тенисерка Кенеди Шефер се запраша: „Зошто луѓето не зборуваат за Пенг Шуаи?“.

Според кинеските извори, фотографијата на Пенг во Кинескиот национален тениски центар бил отстранет, а никој од кинеските власти не дал коментар.

Пенг го обвини за силување поранешниот вице-премиер на Кина

Scroll to Top