Иако ВТА турнејата веќе ги „суспендираше“ сите турнири во Кина поради нејзината безбедност, тенисерката Пенг Шуаи се појави на видео и фотографии во кои е во друштво на кошаркарската легенда Јао Минг на промотивна турнеја во Шангај.
Пенг е заедно со Јао и со уште две спортски легенди на Кина, поранешниот пинг-понгар Ванг Ликин, како и олимписката шампионка во едрење, Шу Лиџија.
Двократната гренд слем шампионка во двојки, Пенг стана центар на контроверзи и дипломатски инциденти, откако на кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави обвинување дека била сексуално злоставувана од поранешниот кинески потпретседател Жанг Гаоли, објава која бргу беше избришана.
По ова, западните медиуми тврдеа дека таа е исчезната, а не ги убедија во спротивно ниту фотографиите и видеата кои се објавија на Пенг, како и разговорот кој со неа го водеше претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах. ВТА ги откажа сите турнири во Кина, барајќи да се исполнат одредени услови за тенисот да продолжи во земјата.
A friend sent me this video showing Chinese tennis star player Peng Shuai talked with Yao Ming, one of the most beloved players in @NBA history, this morning at an event “FIS Cross-Country Skiing China City Tour’ in Shanghai. pic.twitter.com/Ebduv5rean
— Qingqing_Chen (@qingqingparis) December 19, 2021