Францускиот тенисер, Беноа Пер, не престанува да ја шокира јавноста со своите изјави. Пер, на Мастерсот во Монте Карло испадна во првото коло, а потоа пред новинарите говорел за состојбите во тенисот.
„Ништо не очекувам од тенисот, ништо не ми е важно. Ја нема магијата, не е пријатно да играте пред празни трибини. Кога ќе дојдам на таков меч, веднаш сакам да си одам дома. Во моментов тенисот не ме интересира, бидејќи е тешко ср..е, играм само поради парите“, рекол Пер.
Пер за поразот од Џордан Томпсон (6/4, 6/7, 7/6) заработи 12.000 евра.