Top Sport

Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.

Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.

Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).

Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.

Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.

Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.

Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.

До тој момент, тој сервираше 33 аса.

Scroll to Top