Top Sport

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Репрезентативецот на Словенечкиот во ски скокови, Петер Превц ја заврши кариерата. Превц го освои шестото место во скијачките летови на Планица.

Пред 20.000 гледачи на култната скокалница, Превац имаше скокови од 233,5 и 226,5 метри и освои 422,4 бода, што беше доволно за шестото место, односно третото место севкупно во генералниот пласман на скијачките летови.

По последниот скок на Превац, на кој судиите му дадоа симболична оценка 22, Меѓународната скијачка федерација го прекина натпреварувањето на неколку минути, за да му оддаде признание на 31-годишниот Словенец за неговата успешна кариера.

Него го чекаа бројни пријатели и семејството предводени од неговиот брат Домен Превац, кој денешниот натпревар го заврши на второто место.

Петар стави крај на успешната кариера, во која меѓу другото, освои четири олимписки медали во ски-скокови, како и медали на светските првенства во ски скокови и ски летови.

Победник е на Новогодишната турнеја четири скокалници во 2016 година, три години по ред ја освои титулата во Светскиот куп во скијање (2014, 2015, 2016), тој е поранешен светски рекордер и првиот спортист кој прелетал 250 метри.

Scroll to Top