Top Sport

Петковиќ со прва ВТА титула по повеќе од шест години!

Втората носителка, Андреа Петковиќ по повеќе од шест години крена ВТА титула, откако со 6:1/6:1 ја декласираше Египќанката Мајар Шериф на првиот Винерс опен во Клуж, Романија.

За Германката, која е поранешна светска тенисерка број 9, ова е седма титула во кариерата и доаѓа во второто финале во само три турнири, и е прв трофеј од тој од Антверпен во февруари 2015 година.

33-годишната ветеранка ја искористи нервозата на 25-годишната Шериф, која го играше своето прво финале во кариерата, освојувајќи две третини од поените на втор сервис на противничката и остварувајќи дури пет брејк топки.

Scroll to Top