Top Sport

„Пежо“ ја прекина соработката со Новак Ѓоковиќ

Автомобилската компанија „Пежо“, сепак ќе го раскине спонзорскиот договор со Новак Ѓоковиќ. „Пежо“ и Ѓоковиќ соработуваа од 2014 година. Компанијата реши да го повлече спонзорството откако стана јасно дека Ѓоковиќ нема намера да се вакцинира, поради што под знак прашалнике е неговиот настап на најголемиот дел од турнирите.

„Не, нема да го продолжиме спонзорскиот договор со Ѓоковиќ“, рекол првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварес.

Јавноста шпекулираше дека големите спонзори ќе го напуштат Ѓоковиќ, откако тој не доби дозвола да настапи на Австралија опен.

Интересно, од „Пежо“, пред почетокот на турнирот во Дубаи, изјавија дека ќе останат со Ѓоковиќ.

Покрај „Пежо“, големи спонзорски договор Ѓоковиќ има со „Лакост“ и „Хуболт“.

 

„Пежо“ нема да го напуши Ѓоковиќ

Scroll to Top