Top Sport

„Пежо“ нема да го напуши Ѓоковиќ

Еден од најголемите спонзори на Новак Ѓоковиќ, францускиот производител на автомобили „Пежо“, и понатаму ќе стои зад најдобриот светски тенисер.

Агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на извор од компанијата, објави дека Ѓоковиќ, на турнирот во Дубаи, ќе го носи логото на „Пежо“.

Од „Пежо“, биле горди што Ѓоковиќ решил да проговори за она што му се случуваше во изминатиот период.

„Очекуваме дека брендот „Пежо“, ќе биде претставен од господинот Ѓоковиќ“, изјавил за „Ројтерс“, извор од компанијата. Исто така се истакнува дека нема никаква пречка да продолжи долгогодишната соработка помеѓу Ѓоковиќ и „Пежо“.

За разлика од „Пежо“, од „Хуболт“, одбиле да ја коментираат соработката со Ѓоковиќ, додека главниот спонзор „Лакост“, воопшто не одговорил на доставените прашања.

Scroll to Top