Мајкл Смит, еден од најдобрите играчи во пикадо, ја воодушевил публиката во Даблин со својот настап.
Смит е првиот натпреварувач уште од 2017 година што успеал една рунда да добие со минимален број на фрлања, односно рундата ја добил со девет фрлања.
Мајкл Смит (31) седум пати погодил 3×20, еднаш 3×19 и еднаш 2×12. Девет обиди за точно 501 поен.
Кога во деветтиот обид Смит погодил 2×12 на трибините се славеше како да е постигнат гол во 90 минута, во финале на Светско првенство во фудбал.
Уживајте во ова совршенство.