Кинеската инвестициска група „Космос“, основана од фудбалерот на Барселона Џерард Пике, покрај новиот Дејвис куп, планира да воведе уште еден проект во светот на тенисот.
Неодамна беа објавени промените во единственото репрезентативно натпреварување во светот на тенисот. Дејвис купот ќе се игра по завршувањето на сезоната, на турнир, на кој ќе учествуваа 18 репрезентации.
Интернационалната тениска федерација (ИТФ) го објави бизнис планот низ кој треба да поминат околу три милијарди долари во наредните 25 години. Тука спаѓа и Дејвис купот.
Меѓутоа „Космос“ нема намера да застане тука, туку во блиска иднина планира да покрене натпреварување во кое би учествувале 64 тенисери.
Британскиот „Телеграф“, објави дека станува збор за егзибициски турнир што би се играч во првата недела по завршувањето на Ју-Ес Опен. Иако се уште не е позната локацијата, јасно е дека турнирот би бил организиран како и сите други турнири, со две големи разлики: нема да има рангирање на тенисерите и комплетниот награден фонд ќе му припадне на победникот, а се работи за сума од 10 милиони долари.
Оваа сума ќе ја инвестира „Космос“, откаде се уште не се изјасниле по повод новото натпреварување.