Французинот Тибо Пино прв ја помина маглата на „митското“ искачување Лагос де Ковадонга за импресивна победа на 15. етапа на Вуелта Еспања, додека Британецот Сајмон Јејтс ја задржи црвената маичка откако беше трет зад Колумбиецот Мигуел Анхел Лопез.
Фаворитите во генерален пласман, конечно, влегоа во директна битка на неверојатното искачување, и Пино (ФДЈ) го искористи моменталното „примирје“ за да нападне на шест километри пред крајот на етапата и густата магла значеше дека не можеше да ја види битката зад него, ниту да ги погледне „магичните“ езера по кои искачувањето го доби името.
Пино на крајот беше 28 секунди пред носителот на белата маичка Лопез (Астана) за да комплетираше гренд слем етапни победи на сите три големи трки, вклучувајќи ја легендарната Л’Алп Д’Уе на Тур де Франс.
Лидерот Јејтс (Мичелтон-Скот) многу пати се обиде да нападне на 12.2 километарското искачување, но на крајот неговиот прв ривал за титулата, Наиро Квинтана (Мовистар) одговараше на секој напад. Разликите на крајот беа минимални – по 178.2 километри во Астурија, Лопез и седмопласираниот Квинтана беа одделени со само шест секунди.
Јејтс пред вториот ден одмор има 26 секунди предност пред Алехандро Валверде, додека Квинтана е трет со 33 секунди послабо време, разлика која ништо не гарантира пред последната недела и клучниот напад на Пиринеите.
Etapa 15 | Stage 15 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @ThibautPinot gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of Pinot’s victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/okCC4cQ1C0— La Vuelta (@lavuelta) September 9, 2018
?¿Se decidirá aquí #LaVuelta18?…
? Will #LaVuelta18 be decided here?… pic.twitter.com/5K7yibfclz— La Vuelta (@lavuelta) September 9, 2018