Британецот Сајмон Јејтс го делат два дена од првата голема победа на Вуелта Еспања, откако ги нападна своите ривали на 10 километри пред финишот на Кол де ла Рабаса на 19. етапа за да го освои второто место зад Французинот Тибо Пино во Андора.
Во единствениот планински финиш на трката, Јејтс (Мичелтон-Скот) одговори на нападот на Колумбиецот Наиро Квинтана и Холанѓанецот Стивен Крајсвајк, одвојувајќи се од групата во која беа ривалите. Пино (ФДЈ), кој веќе победи на легендарната Лагос де Ковадонга етапа, на крајот се одвои, а само 26-годишниот Јејтс успеа да одговори на нападот.
Јејтс, кој беше лидер и на Џиро Д’Италија оваа сезона пред „колапсот“ на три етапи до крајот, заврши пет секунди зад Пино и сега предност од 1:38 пред ветеранот Валверде, кој беше осми на етапата, додека Холанѓанецот Крајсвајк е трет со дополнителни 20 секунди пред крајот.
До крајот на трката останува последната планинска „пресметка“ утре, пред „церемонијалното“ влегување во Мадрид в недела.
Etapa 19 | Stage 19 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @ThibautPinot gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of Pinot's victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/4qdS9cT2X6— La Vuelta (@lavuelta) September 14, 2018