Top Sport

Пирова победа за Рубљев против Тим во Лондон

Рускиот тенисер, Андреј Рубљев со победа се прости од Завршниот Мастерс тениски турнир во Лондон. Во последното трето коло во групата „Лондон 2020“ тој беше подобар од Австриецот Доминик Тим со 2-0 (6-2 и 7-5).

Иако претрпе пораз, Тим остана на првата позиција во групата и ќе продолжи во полуфиналето во „О2“ арената.

Осмиот светски играч беше подобриот ривал во денешниот меч. Серазбира, Тим не играше со 100% од силите, сакајќи да зачува свежина за следните предизвици.

Рубљев само еднаш во двата сета загуби на својот сервис, додека тој по двапати во двата сета земаше поен на сервис на противникот, што беше доволно за 75 минути да заврши мечот.

Вториот учесник во полуфиналето ќе биде познат вечерва (почеток во 21 часот) по одигрувањето на мечот меѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Scroll to Top