Top Sport

Писториус наскоро може да биде пуштен од затвор

Оскар Писториус, јужноафриканскиот параолимпиец кој е осуден за убиство на својата свршеница, може во следните неколку недели да биде пуштен од затвор откако отслужи половина од 13-годишната казна, ако така одлучи бордот за апелација во државата.

На 14 февруари 2013 година, Писториус ја застрела својата свршеница Рива Стенкамп со четири куршуми преку вратата во тоалетот во нивниот дом во Преторија. 36-годишниот Писториус тврдеше дека мислел дека има провалник во куќата, но обвинителството тврдеше дека ја убил девојката поради љубомора и лутина.

Судот го осуди Писториус за убиство од небрежност со казна од шест години затвор, но потоа оваа пресуда беше преинаачена и казната му беше зголемена на 13 години.

Писториус, кому му се ампутирани двете нозе под колената од детството, стана ѕвезда кога настапи на Олимпијадата во 2012 година на трката на 400 метри, добивајќи го прекарот „Блејд ранер“.

Scroll to Top