Роџер Федерер во интервју со „Проџект“ откри една необична работа за него – постојано плаче додека патува со авион!
„Секогаш станувам емоционален кога гледам филмови додека сум во авион. Гледаш некој филм, се внесуваш внатре, имаш слушалки и одеднаш, слушам како ми викаат: ’Да не сакате пијалок’. Тогаш сфаќам дека плачам. Тоа не изгледа најдобро за мене“, вели Федерер.
37-годишниот ветеран ретко успева да ги скрие емоциите и на тениските терени. Во декември при едно интервју за „Си-ен-ен“, тој плачеше додека зборуваше за својот поранешен тренер Питер Картер, а исто така емоциите го совладаа неколку пати во гренд слем финалињата.
„Кога ја имав првата емотивна победа против Пит Сампрас на Вимблдон во 2001 бев толку среќен, а плачев. Но, тоа не ми пречи, подобро да го покажам откако да го потиснам внатре. Сите се различни, но јас сум емотивен. Да, незгодно е кога ќе се случи, но јас сум емоционален човек и не ми пречи да го споделам тоа“, објаснува освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули.