Top Sport

Блашчиковски прво ја спаси Висла, а сега платата ќе ја дава на дечињата без родители!

Јакуб Блашчиковски си замина од Волфсбург за да се приклучи на својот клуб од младоста, Висла Краков и во исто време го спаси тимот од банкрот.

Висла има сериозни финансиски проблеми и Блашчиковски ќе даде околу 300.000 евра од своите пари за да можат да се исплатат заостанатите плати и Висла да ја врати лиценцата за настап во полската лига

Сепак, 33-годишниот ветеран ќе добива плата од тимот за шестмесечниот договор од само 500 злоти (околу 100 евра) односно апсолутниот минимум.  Популарниот Куба оди понатаму и овие пари ќе ги донира за билети за мечевите на Висла на локалното сиропиталиште.

Блашчиковски, кој во кариерата има две титули од Бундеслигата, веќе дебитираше за својот старо-нов тим, во пријателски меч со Гарбарнија Краков, кога одигра 45 минути пред да биде заменет од тренерот Мациеј Столарчик.

Scroll to Top