Хафтор Бјорнсон, еден од најуспешните во натпреварот „World Strongest Man“ одработи егзибициски меч пред дуелот со уште еден силен горостас – Еди Хал.
Бјарнсон, кој се прослави по улогата на „Планината“ во хит серијата „Игра на престоли“ ги одмери силите со британскиот тешкаш Симон Валилу во меч во кој Исланѓанецот покажа голем напредок кога се работи за боречките вештини. Причина за тоа најверојатно се помалиот број килограми за разлика од претходно и поголемата подвижност.
Сепак, во еден момент прими силен и прецизен удар и се најде на подот.
Наскоро следува пресметката со Хал, а популарниот „Тhor“ му порача:
„Еди Хал, се надевам дека тренираш до максимум, доаѓам по тебе, ќе те нокаутирам. Одиш на под“.
Еве како изгледаше егзибициската борба на Бјорнсон со Конор Мекгрегор од пред неколку години: