Top Sport

Англија го чека шампионот на Европа – Челси или Сити?!

Пред 4 дена „малиот“ Вилјареал се исправи пред „големиот“ Манчестер Јунајтед и спречи двата трофеа сезонава, во ЛШ и ЛЕ да одат на Островот.

Вечерва во 21 часот во Порто се игра големото финале на Лигата на шампионите, па останува само фудбалерите на Манчестер Сити и Челси да одлучат на која страна на кралството ќе оди „пехарот со големите уши“

Дали за првпат во историјата ќе се радуваат „граѓаните“, или по вторпат ќе слават „сините“.

„Играме ЛШ, како е убаво да се изговори тоа. Луѓето мислат дека беше лесно да се помине долгиот пат до финалето, но само ние во клубот знаеме колку беше тешко. 4-5 години се боревме заедно и верувавме дека ќе дојде ден кога до самиот крај ќе се прашуваме за титулата во Европа. Одиме на Челси со желба да испишеме историја за Сити“ рече Пеп Гвардиола кој имал можност да го подигне големиот пехар, со Барселона.

И стратегот на Челси, Томас Тухел тргна по истиот пехар, најпрво со ПСЖ, а од половина сезона и со лондонскиот клуб. Лани играше финале со „Светците“, загубија од Баерн Минхен. Челси во 2012 година му се радуваше на трофејот.

„Кога сте дете и сонувате за финале во ЛШ тоа ви изгледа далеку како месечината од Земјата, и одеднаш вие сте таму. Без размислуваше ќе кажам Баерн и Сити беа репер за врвен фудбал оваа и минатата сезона, додека сите ние останатите се обидуваме да го намалиме тој јаз“ смета Тухел.

До ова финале Сити постигна 25 гола, Челси стигна до 22.

Вечерашното финале од „Драгао“ ќе го пренесуваат преку 200 земји, а церемонијата пред почетокот ќе трае десетина минути.

Scroll to Top