Top Sport

„Планината“ Тор ќе го нокаутираше спаринг-партнерот

Исланѓанецот Хафтор „Планината“ Бјорнсон првпат се пофали со снимка од спаринг пред очекуваниот боксерски меч против својот стар британски ривал Еди Хол.

Бјорнсон, кој стана славен со настапите во серијата „Игра на тронови“, на почетокот на мај го сруши рекордот на Хол со кревање на 501 килограм, по што закажа боксерски меч со долгогодишниот ривал Хол во септември 2021 година во Лас Вегас.

Ривалството меѓу Бјорнсон и Хол трае со години, но се „вжешти“ оваа година откако Исланѓанецот го обвини Хол дека со измама стигнал до титулата за најсилен човек на светот во 2017 година со измама.

Тор успеа да ослабне од 206 килограми на 188 килограми со напорни тренинзи и сега се пофали со спаринг-сесија во која за малку ќе го нокаутираше неговиот партнер.

Scroll to Top