Top Sport

Берлускони нема да гледа Монца-Милан – позитивен е на КОВИД-19

Поранешниот претседател на Милан и актуелен сопственик на второлигашот Монца, Силвио Берлускони е позитивен на КОВИД-19, потврди неговиот личен доктор, Алберто Цангриљо.

Политичарот и бизнисменот, кој беше и долгогодишен премиер на Италија, нема симптоми и е изолиран во неговиот дом, така што нема да може да присуствува на саботниот пријателски меч меѓу Милан и Монца.

Берлускони го „фатил“ вирусот на летување во Сардинија, а бидејќи има 83 години спаѓа во категоријата на заболени од висок ризик. Сардинија имаше зголеме број на позитивни случаи во последните недели бидејќи се работи за популарна туристичка дестинација, откако во зимските месеци имаше минимален број на случаи.

Берлускони се враќа на „Сан Сиро“: Милан се славното минато, Монца се иднината

Scroll to Top