Чешката тенисерка Каролина Плишкова е втората финалистка на грен слем турнирот Вимблдон откако предмалку во полуфиналето ја совлада Белорусинката, Арина Сабаленка со 2-1 или по сетови 5:7, 6:4 и 6:4.
Плишкова е четвртата тенисерка од Чешка која ќе игра финале на неофицијалното светско првенство во тенис по Хана Мандликова, Јана Новотна и Петра Квитова.
Белорусинката која важеше за фаворит на дуелот го освои првиот сет со 7-5 одземајќи поен на сервис на противничката.
Иако изгледаше дека Сабаленка освен резултатската има и психолошка предност, сепак Плишкова во продолжение заигра многу подобро и благодарение на брејкот во петтиот гем во вториот сет стигна до израмнување 1:1.
Во третиот сет следуваше нова доминација на чешката тенисерка за победа по 2 часа игра и пласман во големото финале.
Таму ја чека првата тенисерка на ВТА листата, Ешли Барти од Австралија која денесска со 2-0 беше поуспешна од Анжелик Кербер.
Статистиката вели дека дуелот во Лондон в сабота е прво финале за Плишкова на овој турнир, а ќе биде осми во меѓусебните дуели со Барти. Австралијката има предност од 5:2.
Sweet Karolina.@KaPliskova comes from a set down to reach the #Wimbledon final for the first time after beating Aryna Sabalenka 5-7, 6-4, 6-4 pic.twitter.com/xCPFfAXL7V
— Wimbledon (@Wimbledon) July 8, 2021