Каролина Плишкова нема да настапи на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Четвртата тенисерка на ВТА листата, го откажа настапот поради повреда.
Плишкова на социјалните мрежи објави дека има повреда на десната рака, поради што мора да ги пропушти сите турнири во Австралија. Информацијата дека Плишкова нема да настапи во Мелбурн, ја потврдија и организаторите на Австралија опен.
Плишкова оваа година играше во финалето на Вимблдон. Во три сета беше поразена од Ешли Барти. Претходно, во 2016 година, доживеа пораз од Анжелик Кербер, во финалето на Ју-ес опен.
Најдобар резултат на Австралија опен и е полу-финалето во 2019 година.
Првиот гренд слем во сезоната ќе започне на 17.јануари.