Украинката Лесија Цуренко сервираше за титулата во Бризбејн, пред Чехинката Каролина Плишкова да направи импресивен кам-бек и да ја освои втората титула на „Пат Рафтер арената“ во неделата.
Плишкова беше пред пораз, пред охрабрувачкиот говор од тренерот, поранешната австралиска тенисерка Рене Стабс да ја инспирира до 13 поени во низа за 4:6/7:5/6:2 победа. Повредата на скочниот зглоб во вториот гем од одлучувачкиот сет не и помогна на Украинката, за Плишкова победата да ја прослави со Стабс.
„Бризбејн е мојот омилен турнир. Имам фантастични сеќавања од градот и секогаш е убаво тука да се почне годината. Благодарам на мојот тим, бидејќи без нив немаше да бидам тука. Пола од трофејот е нивни“, изјави Плишкова.
Фото: ЕПА