Репрезентативецот на Австралија во пливање, Кенет То, починал на Флорида, на возраст од 27 години.
То, на Светското првенство во 2013 година освоил сребрен медал со штафетата на Австралија. То, инаку роден во Хонг Конг, за Австралија освоил шест медали на Олимписките игри за млади во 2010 година.
Од 2016 година решил да настапува за Хонг Конг, а лани на Светското првенство во кратки базени, на трката 100 метри мешано, го освоил шестото место.
На То му се слошило за време на тренингот, веднаш бил префрлен во најблиската болница каде починал. Причините за смртта не се објавени.