Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои 44. место од вкупно 49 пливачи во квалификациите на 50 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта.
Стојановски ја заврши трката на 50 метри грбно за време од 28.43 секунди со кое го освои деветтото место во третата квалификациска група. Тој исплива 69 стотинки послабо од неговото пријавено време.