Top Sport

По апсењето на неговата ќерка, Мејведер го подучува синот (видео)

Флојд Мејведер Јуниор вели дека се обидува да биде „најдобриот татко“ објавувајќи видео со неговиот 20-годишен син Кораун во кое заедно тренираат во боксерскиот ринг, неколку дена откако неговата ќерка Јаја беше уапсена.

43-годишниот Мејведер му покажа на својот син Кораун дел од техниката која го направи еден од најдобрите боксери во историјата и секако најбогатиот од тие кои влегле во ринг.

„Никогаш не сум тврдел дека сум совршен, но се обидувам да бидам најдобриот можен татко“, напиша Мејведер.

Ова доаѓа по трагичната смрт на мајката на Кораун, Џози Херис, која беше пронајдена мртва во својот дом на 10 март и по вестите дека овој викенд неговата ќерка Јаја била уапсена за напад со нож на една жена.

 

View this post on Instagram

 

Never claimed to be perfect, but I strive to be the best father possible. #DaddyDuties @kingkoraun

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on

Scroll to Top