Top Sport

Тотенхем потврдија: Сон ќе отслужи војска додека трае паузата

Тотенхем потврдија дека Сон Хеунг-Мин ќе ја комплетира четиринеделната задолжителна воена служба во Јужна Кореја додека трае паузата во Премиер лигата поради корона вирусот.

Вообичаено е мажите до 28 години во Кореја да отслужат 21-месечен воен рок, но Сон е изземен од оваа обврска откако беше капитен на фудбалската репрезентација која освои златен медал на Азиските игри во 2018 година.

Тој планираше да го отслужи своето во текот на летото, но сега по рехабилитацијата од скршената рака која ја доби на последниот меч од Премиер лигата, тој ќе оди во војска.

„Напаѓачот се врати во неговата татковина на крајот на март и во моментов е во карантин. Сони имаше операција на раката пред да се врати во февруари во Англија, но сега ќе ја отслужи воената служба во мај“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Scroll to Top