Top Sport

По бурната роденденска забава, Јусеин Болт позитивен на корона вирус

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт е позитивен на корона вирусот неколку дена по големата забава за неговиот 34. роденден на која присуствувал и фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, јавуваат јамајчанските медиуми.

Најдобриот спринтер на сите времиња во неделата добил позитивен тест на КОВИД-19 откако не се чувствувал најдобро и сега ќе помине две недели во самоизолација.

Болт бил домаќин на роденденска забава на која присуствувале многу славни Јамајчани, вклучувајќи го и Стерлинг (кој е роден на островот) и ѕвездата на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Scroll to Top