Венус Вилијамс ќе се судри со својата помлада сестра Серена во второто коло на Италијанскиот опен во Рим, откако избори тешка 7:5/3:6/7:6(4) победа над Елизе Мертенс.
Венус ја доби тесната борба во тај-брејк во третиот сет и покрај тоа што во еден момент од мечот освои пет гема во низа. Американската ветеранка и дозволи на Бертенс да се врати во игра откако не искористи шест меч поени на свој сервис во осмиот гем од третиот сет. Таа пропушти уште две меч-топки за Мертенс да израмни на 6:6, пред конечно да го добие мечот во тај-брејкот.
Претходно, Серена имаше победнички кам-бек на терените со лесна 6:4/6:2 победа над шведската квалификантка Ребека Петерсен. За 37-годишната Серена ова беше прв меч по победата над истата противничка во второто коло на Мајами опен во март, пред да се повлече од турнирот поради повреда на коленото. Ова ќе биде прв дуел на двете сестри на земјена подлога по 17 години.
Кај мажите на „Форо Италико“, младиот Канаѓанец, Денис Шаповалов стигна до 6:3/7:6(5) победа над Пабло Карењо Буста за да обезбеди дуел со шампионот од Мадрид, Новак Ѓоковиќ. Шаповалов на турнирот влезе со лоша низа од четири порази едноподруго.
Гаел Монфис пак, се мачеше против Алберт Рамос-Вињолас, не покажувајќи дел од играта со која стигна до четврт-финалето во Мадрид, губејќи со 6:3/6:1 за само 61 минута.