Прв пат од есента 1997 година, кога влезе на главниот турнир во Москва (Кремљ куп), Американката Серена Вилијамс нема ранкинг на ВТА листата. Пред две децении, тогаш 16-годишната Серена, го покажа својот својот огромен потенцијал.
Серена пред две децении во Москва ја победи тогаш седмата во светот Мери Пирс, потоа и четвртата на ВТА листата Моника Селеш, а испадна во полуфиналето од сонародничката Линдзи Девенпорт.
Тој турнир и обезбеди место во Топ 100, а останатото е историја. Во 1998 година во сениорска конкуренција победи на сите 26 мечеви и влезе во Топ 20.
Во април 1999 година таа влезе меѓу најдобрите десет, а потоа на 17-годишна возраст ја освои првтаа Гренд слем титула.
Во наредните 18 години стана една од најдобрите, ако не и најдобрата во исторјата на женскиот тенис. На првото место на ВТА листата мина 319 недели, а пет пати годината ја завршуваше како број 1.
Серена 20 години, три месеци и девет дена имаше ранкинг на ВТА листата. Минатата година ја заврши на 22. место на ВТА листата, а вчера беа избришани сите нејзини поени.
Американката повеќе од една година, поради бременоста и раѓањето на ќерката Олимпија, нема одиграно меч, а враќањето го најави во Фед купот против Холандија, додека на ВТА турот ќе се врати во март на турнирот во Индијан Велс.