Во четвртиот обид, Стефанос Циципас се пласираше во едно гренд слем финале, откако по драматична битка во пет сета го победи Германецот Александер Зверев со 6:3/6:3/4:6/4:6/6:3 за да влезе во финалето на Ролан Гарос.
22-годишниот Циципас е првиот грчки тенисер кој ќе игра големо финале, а таму не може да има потежок противник – ќе игра со подобриот од мега-дуелот меѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и 13-кратниот шампион од Париз, Рафаел Надал.
Циципас имаше фантастично отварање на мечот, освојувајќи ги првите два за помалку од час и 10 минути. Меѓутоа, Зверев не се предаде, и по тешкиот трет сет кој траеше речиси еден час, намали на 1:2, за потоа да го искористи падот во ритамот на Гркот, за да израмни на 2:2. Меѓутоа, во третиот сет, откако на почетокот спаси три брејк топки во првиот гем, направи брејк во четвртиот гем за 1:3 водство, и потоа го доведе мечот до крај.