Top Sport

По епската битка во пет сета, Циципас во финалето на Ролан Гарос

Во четвртиот обид, Стефанос Циципас се пласираше во едно гренд слем финале, откако по драматична битка во пет сета го победи Германецот Александер Зверев со 6:3/6:3/4:6/4:6/6:3 за да влезе во финалето на Ролан Гарос.

22-годишниот Циципас е првиот грчки тенисер кој ќе игра големо финале, а таму не може да има потежок противник – ќе игра со подобриот од мега-дуелот меѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и 13-кратниот шампион од Париз, Рафаел Надал.

Циципас имаше фантастично отварање на мечот, освојувајќи ги првите два за помалку од час и 10 минути. Меѓутоа, Зверев не се предаде, и по тешкиот трет сет кој траеше речиси еден час, намали на 1:2, за потоа да го искористи падот во ритамот на Гркот, за да израмни на 2:2. Меѓутоа, во третиот сет, откако на почетокот спаси три брејк топки во првиот гем, направи брејк во  четвртиот гем за 1:3 водство, и потоа го доведе мечот до крај.

Scroll to Top