Тројца Руси загинаа откако се урна хеликоптерот управуван од Игор Малиновски, поранешен петкратен јуниорски светски шампион во биатлон. Остатоците од хеликоптерот биле пронајдени во Камчатка на 17. јули. Пронајдени биле три мртви лица, а сега руските новинари донесоа застрашувачки факти за несреќата.
Малиновски починал на 16. јули заедно со Зоја Кајгородова и Сергеј Колесњак. Следниот ден, во близина на преминот Семјачков, на 13 километри од вулканот Узон, биле откриени коски на три лица. Руските и светските медиуми пишуваат дека мртвите тела на трите жртви биле искасапени и изедени од мечки.
Според вестите на Канал пет во Русија, Министерството за вонредни ситуации ги објавиле првите информации за трагедијата.
Несреќата се случила за време на деветдневна обиколка на областа во услови кои не биле погодни за летање. Хеликоптерот требало да слета во соседното село Милково во 7 часот по локално време. Меѓутоа, комуникацијата со хеликоптерот престанала, по што започнала потрагата.
“The IBU and the entire biathlon family mourns the loss of Igor Malinovskii, 5-time Junior World Champion and World Cup competitor. He will always be remembered as a great biathlete, we express our condolences to his family", IBU President O. Dahlin giving words to our sadness. https://t.co/TDQXonfkGF
— IBU Junior Cup (@IBU_Junior) July 18, 2022
Локалните медиуми забележуваат дека хеликоптерот бил во сопственост на компанијата „Взљот“, која е во сопственост на таткото на Игор, Владимир Малиновски. Овој 25-годишник бил голем вљубеник во авијацијата и во него се судриле две желби. Од една страна, тој се обидел да ја продолжи кариерата како биатлонец, но неговата главна цел била да стане пилот.
Студирал на Техничкото училиште за цивилно воздухопловство. Пред три месеци тој доби пилотска дозвола за „Ми-8“, а „sports.ru“, пренесува дека ја распродал спортската опрема затоа што сакал да биде пилот.